Loading Video...
Тенис
7. October 2019 - 17:10

Ѓоковиќ и Бартли остануваат на врвот на најновите тениски ранг листи

Вообичаено секој понеделни Светската тениска федерација ги објавува најновите рангирања. 
 
Новак Ѓоковиќ останува и натаму на врвот на АТП ранг листата. 
 
По едномесечна пауза поради повреда, Србинот се врати триумфално освојувајќи го за прв пат турнирот во Токио. Овој триумф мо донесе дополнителни 500 бодови со кои сега ја зголеми предноста во однос на најголемиот конкурент Рафаел Надал па Ѓоковиќ сека има 1.100 поени повеќе од Шпанецот. 
 
Ѓоковиќ ја започнува 272-та недела како најдобро рангиран тенисер во светот, со што е на третото место на вечната листа зад Федерер кој таму минал 310 недели, односно легендарниот Американец, Пит Сампрас кој приматот број 1 го имал 286 недели. 
 
Доколку Ѓоковиќ успее да остане на врвот до крајот на годината, тогаш Србинот ќе го мине Сампрас не вечната листа. 
 
И кај дамите нема промена на врвот.
Ешли Бартли и покрај поразот во финалето на турнирот во Пекинг од Наоми Осака, Австралијката сепак останува на врвот на ВТА листата пред Каролина Плишкова од Чешка и Јапонката, Осака која го презеде третото место од Украинката, Елена Свитолина.