Ѓоковиќ и Халеп триумфираа во Рим
Новак Ѓоковиќ во машка и Симона Халеп во женска конкуренција се победници на тенискиот Мастерс што се одржа во Рим.
Новаќ Ѓоковиќ со триумфот на Мастерсот во Рим рекорден 36-ти во кариерата од мастерс серијата, Србинот се зацрвсти на првата позиција на најновата АТП ранг листа.
Зад него остануваат Надал, Тим, Федерар, Медведев, а единствената промена во ТОП 10 е токму на десетата позиција на која сега е Канаѓанецот, Дени Шаповалов кој направи скок од четири позиции потиснувајќи го Баутиста Агут на 11-тото место.
Финалистот од Рим, Шварцман прогрес од две места, па сега Аргентинецот е на 13-тата позиција на АТП листата
Иако Симона Халеп и Каролина Плишкова во Рим играа во финалето сепак романската и чешката тенисерка остануваа на второто, односно четвртото место на ВТА листата на која лидер и натаму е Ешли Барти од Австралија, а меѓу финалистките од Рим, на третата позиција е јапонката, Наоми Осака.
Единствената промена во ТОП 10 на ВТА листата е на петата позиција на која сега е Украинката, Елена Свитолина, пред Американката, Софија Кенин.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар