Loading Video...
Тенис
6. October 2019 - 15:15

Ѓоковиќ лесно до трофејот во Токио

 
 
Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со триумф во Токио се врати на тениските терени. Србинот кој по УС Опен поради повреда, немаше настап на најдобар можен начин се врати на АТП турнирите.
 
Тој во финалето во Токио, експресно за само еден час и десет минути во два сета со 6-3 и 6-2 го победи Џон Милман од Австралија и стигна до првата своја титула на овој турнир.
 
Триумфот во Токио на Ѓоковиќ му го донесе 76-тиот трофеј во кариерата од АТП турнирите.