Тенис
8. March 2021 - 12:31

Ѓоковиќ напиша историја,број-1 рекет на сите времиња

Новак Ѓоковиќ влезе во историјата на тенисот. Српскиот тенисер, од денес е играчот кој најмногу недели бил број 1 на АТП листата. На вечната листа тој го „прескокна“, Роџер Федерер.
 
Ѓоковиќ прв пат во кариерата стана број 1 на 4.јули 2011 година, потоа уште четири пати во различни периоди беше на челната позиција, походот на рекордот го започна на 24.август 2020, кога шести пат стана број 1.