-->
-->
Ѓоковиќ останува владетел на Вимблдон
-->

Седма титула за Новак Ѓоковиќ на Вимблдон откако во финалето со 3-1 го совлада Ник Кирјос, контроверзниот тенисер од Австралија.
Со овој триумф Ѓоковиќ потврди дека сеуште е во голема форма и допрва треба да се очекуваат од него турнирски победи.
Српскиот тенисер веќе вообичане на терените во Лондон го загуби првиот сет со 6-4 што беше и најдобрата игра на Кирјос кој го искористи добриот сервис да направи брејк во петтиот гем.
Во вториот сет Ник како да потона и маестралниот Ѓоковиќ знаеше да ги казни сите грешки на противникот и да дојде до првиот сет во дуелите против Австралиецот.
Откако нервозата го зафати Кирјос Ѓоковиќ го освои и третиот сет по што го искористи тај-брејкот со 7-3 и дојде до победа од 3-1 и нова доминација во Лондон каде го освои четвртиот турнир во серија и рековме вкупно седми.
Ова е 21-ва Грен слем титула за Ѓоковиќ кој сега има само една помалку од Рафаел Надал кој се откажа во полуфиналето поради повреда.
На победникот на Вимблдон му припадна парична награда од 2.350 илјади евра додека Кирјос заработи 1. 400.000
Следниот Грен слем турнир се игра во САД и доколку не се променат правилата Ѓоковиќ најверојатно нема да настапи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хуманитарна акција на Супер Кит Го и Вива Фреш Стор - донирани пакетчиња во Домот за деца „11 Октомври“
-

Во израелски напад врз училиште во Појасот Газа загинаа петмина Палестинци
-

Прилеп утре без струја од 6:30 до 11 часот поради замена на проводник на далновод
-

Дигитален асистент на веб-страната на Собранието за лица со попреченост
-

Во Берово - 5 степени, над 0 само во Охрид, Виница и Крушево
-

Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%
-

Хуманитарен „Божиќен базар – Гнездо 2025“
-

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат лица од странство
