Ѓоковиќ со победа над Алкараз обезбеди финале на Завршниот мастерс во Торино

Новак Ѓоковиќ преку Карлос Алкараз избори пласман во финалето на Завршниот мастерс во Торино. Негов противник во обид да ја освои рекордната седма титула на овој турнир ќе му биде домашниот фаворит Јаник Синер, кој претходно го победи Данил Медведев.
Публиката во Торино очекуваше уште еден епски меч, какви што беа нивните соочувања во Мадрид, Вимблдон и Синсинати, меѓу првиот и вториот играч на АТП листата, но доби „one man show“.
Ѓоковиќ славеше за само 88 минути со 6:3, 6:2 и само потврди дека Алкараз не е на потребното ниво во финишот на сезоната.
Неверојатно сигурен беше Ѓоковиќ во текот на целиот меч. Му дозволи на Алкараз две брејк топки во првиот гем и уште две во шестиот гем од вториот сет. Четирите брејк топки ги спаси со добри сервиси.
Од друга страна Србинот дојде до брејк во седмиот гем од првиот сет, а потоа во третиот и седмиот гем од вториот сет.
Нестварно делува податокот дека Ѓоковиќ во текот на целиот меч имаше само осум неизнудени грешки, Алкараз имаше 14 повеќе.
Финалето Синер-Ѓоковиќ, утре ќе започне во 18 часот.
Ново на Сител
-

Николоски: Покажавме како се чува националното единство, да се бориме за нашите интереси без да виткаме кичма
-

Мицкоски очекува намалување на инфлацијата, најави жестоки акции кон маркети со нефер трговски практики
-

Властите во Каракас не знаат каде се Мадуро и неговата сопруга, бараат „итен доказ дека се живи“
-

Следува потопло време, локални врнежи од дожд - пообилни кон средината на идната седмица
-

Уапсено лице од Дебрца, возел со 2,21 промили алкохол во крвта
-

Николоски: Брза пруга на Коридор 10, доизградба на Коридор 8, продолжуваме со крупни проекти во железницата
-

Трамп наредил напади врз Внецуела
-

Димовски: Уставните измени се последната отстапка што Македонија може да ја направи, но само ако добие гаранција од ЕУ
