Loading Video...
Тенис
7. February 2020 - 18:10

Ѓорческа ќе игра полуфинале на турнирот во Трнава

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се избори за полуфинале на ИТФ турнирот во словачкиот град Трнава што се игра за награден фонд од 25.000 долари,
 
Ѓорческа попладнево во четвртфиналниот меч во два сета ја победи Александра КАДАНТУ која е на 260-то место на ВТА листата односно за дури 140 позиции подобро рангирана од нашата тенисерка. 
 
Првиот сет Лина го доби со 6-3, а во вториот и препушти на Романката два гема (6-2)
 
Противничка на Ѓорческа во полуфиналето ќе биде Русинката, Влада Ковал
 
Инаку Лина која заедно со Русинката, Ирина Хромачева настапува во двојки и ја имаа улогата на први носителки на овој турнир, не го одиграа полуфиналниот, меч против руско-украинската комбинација, Викторија Кан и Гана Познихиренко,