Тенис
9. September 2016 - 17:38

Ѓорческа поразена во финалето во двојки

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Викторија Томова од Бугарија го загубија финалето во двојки на фјучрсот во Софија (награден фонд 25.000 долари). Македонско-бугарската комбинација е поразена од првите носителки Валентини Граматикопулу (Грција) и Куерин Лемони (Холандија).
Првиот сет првите носителки го добија со 6:4 во гемови, а во вториот сет истиот резултат беше во корист на Ѓорческа и Томова. Во решавчкиот беше 10:6 на поени за Граматикопулу – Лемони. За пласманот во финалето нашата тенисерка ќе добие 30 поени. 
Следната недела Ѓорческа е пријавена за настап на фјучрсот во Добрич, Бугарија што се игра за награден фонд од 25.000 долари.