Loading Video...
Тенис
3. February 2022 - 12:43

Ѓорческа повторно во четвртфиналето на турнирот во Манакор

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во четвртфинале на турнирот во Манакор, Шпанија,
 
Ѓорческа ја изненади 3-тата носителка Холанѓанката, Лесли Патинама Керкове која ја совлада во два сета со 7-6 и 6-4.
 
Првиот Ѓорческа го доби по голема борпа и тоа во тај-брејкот со 8-6 на поени. Нашата тенисерка во вториот сет направи брејк, кој успеа да го зачува до крајот и да го добие сетот со 6-4.
 
Инаку за Ѓорческа, ова е трет турнир во Манакор, каде и на преходните два стигна до четвртфинале, но немаше среќа да обезбеди место меѓу четирите најдобри. 
 
Ќе успее ли овојпат останува да видиме по мечот со шпанските тенисерки  (6 носителка)  Андреа Лазаро Гарсија  и  Лејре Ромеро Гормаз