Loading Video...
Тенис
8. February 2020 - 18:23

Ѓорческа во финалето на турнирот во Трнава

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се избори за финалето на ИТФ турнирот во словачкиот град Трнава што се игра за награден фонд од 25.000 долари,
 
Ѓорческа попладнево во полуфиналниот меч во два сета ја победи Русинката, Влада КОВАЛ. која е 57 места подобро рангирана од нашата тенисерка на ВТА листата. 
 
Сепак Ѓорческа експресно за само еден час и 9 минути ја „реши“ Русинката и тоа добивајќи ги двата сета со идентични 6-3. 
 
Нејзина противничка во финалето закажано за утре ќе биде Софија Лансере од Русија.