Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
Чистење и миење на улиците и плоштадите, темелна реорганизација, вклучување на дополнителни 60 автобуси во градскиот сообраќај се првите активности кои новиот градоначалник ги почнува уште од првиот ден мандат. Ѓорѓиевски ја презеде функцијата градоначаланик на Скопје и уште вечерва заедно со екипите на Комунална ќе ја почне генералката на градот. Во функција веќе ставил дополнителни камиони за собирање смет.
Ѓорѓиевски најави чистка и во јавните претпријатија каде голем број луѓе земале плата а воопшто не се појавувале на работа.
За именувањето на нови директори вели ќе извести во следните денови, приоритет како што рече му е да се сретне со сите сектори за да добие вистинска слика за состојбите кои итно мора да се решаваат. Примопредавањето траеше околу еден час, а Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска со буќет цвеќе. На средбата освен преземањето на потписот рече дека не зборувале за ништо суштинско.
Арсовска ниту на заминување не ја испочитува јавноста и не застана пред камерите.
Ѓорѓиевски победи во вториот круг со над 90 000 гласови од граѓаните. Функцијата ја презема со големи ветувања и јавни претпритија во речиси целосен колапс.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
