Ѓорѓиевски-Николоски: Скопје го развиваме заедно, со работа, посветеност и јасна цел - да изградиме модерен и функционален град

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска се сретнал со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
Како што објави Ѓорѓиевски на Фејсбук, средбата со вицепремиерот била конструктивна и оти разговарале за заедничките проекти кои ќе ги реализираат, а коишто ќе донесат вистински бенефит за сите жители на нашиот град.
-Скопје го развиваме заедно! Главни теми на состанокот беа подобрувањето на транспортниот систем преку реализација на проектот Градски воз, набавката на нови еколошки автобуси за градскиот превоз, како и модернизацијата на инфраструктурата во Скопје. Министерот Николоски ја потенцираше силната заложба на Владата за реализација на капитални инвестиции во главниот град како темел на неговиот иден развој, напиша Ѓорѓиевски.
Како што потенцира градоначалникот, заеднички со вицепремиерот заклучиле дека Скопје има потреба од нов план за трансформација на градскиот сообраќаен систем, кој ќе донесе поголема ефикасност, економичност и подобар квалитет на живот за граѓаните.
-По започнувањето на изградбата на првата од трите линии на Градскиот воз, следен приоритет ќе биде подготовката на другите две линии кон Ѓорче Петров и кон Миладиновци. Градот Скопје е веќе во комуникација со Владата на Република Македонија за набавка на нови еколошки автобуси кои значително ќе го подигнат јавниот превоз на едно високо ниво. Искрено ја изразувам својата благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, министерот Александар Николоски и целата Влада за нивната постојана поддршка и визија. Скопје ќе го развиваме заедно, со работа, со посветеност и со јасна цел - да изградиме модерен и функционален град во кој сите ќе живееме подобро, посочува градоначалникот Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
