Ѓорѓиевски: Ново поглавје во јавната хигиена - специјализираните возила на ЈП „Комунална хигиена“ излегуваат на терен | ВИДЕО

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информира дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“ веќе се предадени на градот и во наредните денови, по завршувањето на правните процедури ќе излегуваат на терен.
Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи најавува дека до крајот на неделава се очекува да пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка досега.
-Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена! Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане! - посочува тој.
Градоначалникот додаде дека Скопје предолго губело поради, како што оцени, неодговорноста и неажурноста на претходните градски власти и порача дека на тоа му се става крај со конкретни дела и инвестиции во комуналната инфраструктура.
-Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците. На таа запуштеност ѝ ставаме крај со работа и конкретни дела! Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град! - вели скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
