Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
Прва глоба за напуштање, односно фрлање легло со мали мачиња е изречена од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Сторителот е казнет со 550 евра во денарска противвредност, информираат од АХВ за МИА.
Случајот бил пријавен од совесен граѓанин, кој до ЈП „Лајка“ доставил видео снимки и фотографии од напуштањето на леглото со мали мачиња во парк во близина на трговски центар во Скопје.
По пријавата, официјален ветеринар од АХВ вчера спровел вонредна инспекциска контрола. Идентитетот на сторителот и регистарските таблички на возилото со кое биле превезувани мачињата биле утврдени со помош на Министерството за внатрешни работи.
На сторителот му е изречена глоба од 550 евра поради прекршување на член 26 од Законот за заштита и благосостојба на животните и член 59 од Законот за ветеринарно-медицински препарати.
Случајот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, особено во групите посветени на домашни миленици, каде граѓаните ја поздравија постапката на надлежните институции.
Од граѓаните се бара да не ги игнорираат ваквите случаи и доколку забележат напуштање или фрлање животни, да го пријават случајот, особено доколку поседуваат фотографии, видео снимки или друг доказ.
Напуштањето животни може да се пријави на бесплатната телефонска линија 0800 3 2222, која е достапна 24 часа дневно, или преку е-пошта info@fva.gov.mk.
Ново на Сител
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
-

50-годишен тетовец ја тепал ќерка му и рекол дека ќе ги запали ако викнат полиција
-

Вардар во финалето против Охрид на ракометниот турнир Струга 2026
