Годишен симпозиум на Здружението на ликовни критичари
Здружението на ликовни критичари „AИКA Македонија“ (AICA – International Association of Art Critics Macedonia) вечер од 20 часот во Музејот на современа уметност во Скопје ќе одржи Годишен симпозиум „Ликовната критика денес“.
Ќе опфати излагања и дискусија на тема „Уметноста и прекаријатот на просторот“, конципирана и модерирана од Тихомир Топузовски, со учесниците Данило Прњат, Владимир Јанчевски, Славчо Димитров и Артан Садику.
„АИКА Македонија“ соопшти дека фокус е потребата да се проследат практиките што претставуваат сосема поинаков пристап на уметничко дејствување, со цел да се дојде до одредени промени на проблемите кои се одлика на прекаријатноста, во одреден геополитички контекст, во овој случај – регионот на Западниот Балкан.
– Уметноста и прекаријатот на просторот се однесува на прашањата за тоа како културните и уметничките практики се испреплетуваат, отсликуваат, спротивставуваат или ја посочуваат прекаријатноста, односно состојбите на општествена нестабилност, ситуации на илегална работа, маргинализираност и живеење постојано под еколошка закана, наведува организаторот на симпозиумот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови