Голата Миранда Кер на насловна ги разбесни родителите

Манекенката Миранда Кер се појави потполно гола на насловната страница на австралиското издание на магазинот "Harper's Bazaar" за јануари и февруари 2016 година.
На муштериите од ланецот супермаркети Колс тоа им се чинело потполно непримерно, па маркетот од своите полици ги повлекол сите примероци од списанието.
Фотографиите од целосно голата Миранда Кер ги разбесни купувачите поради што списанието Харперс Базар е повлечено од продавниците ширум Австралија.

-Како одговор на реакциите на нашите купувачи, од кои повеќето пазарат со деца, го тргнавме списанието од продажба, стои во соопштението.
Уредничакта на Харперс Базар Кели Хуш изјави разочарување поради таа одлука и непрепознавање на уметничкиот интегритет на фотографиите. Додаде дека фотографијата ја слави женственоста.
-Живееме во ера на ангелите на Викторија Сикрет, украдени голи фотографии и обиди да се „скрши“ интернетот со глетки на реалити ѕвезди во провокативни пози. „Харперс Базар“ секогаш ги славеше одважните жени - некои со визија, преданост, стил о некој кој од ништо не се плаши. Миранда можеби е гола, но таа е пионерка и оваа насловна го слави тоа, изјави Хуш.
Миранда Кер пак откри дека на снимањето не била потполно гола. „Соголена “ е со помош на фотошоп.

-Носев танга, а во паузите на снимањето носев наметка, и на фотографијата всушност се гледа само мојата кожа, вели Миранда.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
