Македонија
28. July 2021 - 19:57

Голема полициска акција во Скопје, приведени 12 учесници во продажба на дрога и оружје

Еден полицаец и други 11 лица, сите приведени изутрината во голема полициска акција во скопската населба Ченто. Осомничени се дека подолг временски период тргувале со дрога, но и со оружје. Организираната криминална група веќе подолг период била следена од полицијата, а по повеќемесечното планирање, извршени се претреси на вкупно 20 локации во Ченто.

Три лица од групата засега не се достапни на органите на прогонот.

Акцијата се спроведувала под раководство на Основното јавно обвинителство. Во текот на денов или најдоцна утре осомничените ќе бидат спроведени пред судија на претходна постапка.

Во меѓувреме, приведените со кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, се предадени на надлежното Јавно обвинителство.