-->
-->
Голманот на Партизани го елиминира Ференцварош
-->
Фудбалерите на Партизани го приредија најголемото изненадување во второто ковалификациско коло во Лигата на шампионите. Партизани во два натпревари го елиминира унгарски Ференцварош.
Албанскиот вицепрвак, кој во ЛШ влезе откако шампионот Скендербег доби едногодишна суспензија од УЕФА, по изведувањето на пенали мина во третото коло.
Првиот меч во Албанија и реваншот во Унгарија заврши со идентични 1-1, а пенал серијата на стадионот во Будимпешта ја обележа голманот на Партизани, Албан Хоџа.
Голманот на албанскиот вицепрвак го изведе првиот пенал за својот тим, успеа со „Паненка“ да го совлада унгарскиот колега, а потоа одбрани три од четирите пенали на Унгарците.
Партизани во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите ќе игра против Салцбург.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин - Трамп
-
Минусни температури во целата држава
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на градежните работи за санација на скверот позади ТЦ „Капитол“ во Аеродром
-
Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија
-
Истрага против дилер на дрога во Скопје
-
Уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ во Скопје
-
Студено утро, преку ден сончево
-
Ќе се гради патот Букојчани - Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга