Македонија
4. јуни 2022 - 19:34

Горан Мисовски е избран за претседател на НСДП

 Горан Мисовски е избран за претседател на НСДП на 5. партиски конгрес што се оддржа во Скопје.

Како што соопшти НСДП на својот официјален фејсбук профил, од присутните 426 делегати, правото на глас го оствариле 314 од кои 308 гласале „за“, тројца „против“, а три ливчиња биле неважечки.

Претходно, Кристијан Трајковски ја повлече својата кандидатура за претседател на НСДП, не сакајќи да учествува во натамошната работа на овој, како што го нарече, нелегитимен конгрес.

-Овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука што ќе биде донесенa од овој состав на делегати е нелегитимна, соопшти Трајковски.