Македонија
18. October 2021 - 13:07

Гостивар: За 38 гласа Таравари ќе оди во втор круг

Државната изборна комисија заврши со пребројување со гласовите во Гостивар.

Арбен Таравари од Алијансата има огромна разлика, но трката со Невзат Бејта не е завршена. Во Дебар, на кандидатот на Алијансата, Беким Поцеста, за победа во првиот круг му недостигаа 26 гласа.

Таравари освои 15.724 гласови, а Бејта 13.190.

Излезноста во Гостивар беше многу мала – 38,88 проценти. Во бројки тоа значи 31.524 лица што излегле да гласаат, па за победа биле потребни 15.762 гласа. Така, Арбен Таравари ќе мора да оди во вториот круг поради тоа што му недостасуваат само 38 гласа. 

Таравари вчера до доцна синоќа ја славеше победата заедно со сопартијците.