Македонија
28. March 2025 - 13:41

Гостиварец пробал на сила да ја грабне својата малолетна ќерка

Синоќа, на подрачјето на Гостивар, едно лице се обидело на сила да ја земе малолетната ќерка, која била под старателство на неговата поранешната сопруга.

На 27.03.2025 во 20.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.К.(36) од Гостивар.

-Полицијата постапила по претходна пријава дека физички ги нападнал неговата поранешна сопруга, нејзината мајка и нејзиниот партнер, а потоа со употреба на сила се обидел да ја земе неговата малолетна ќерка, за која старателството било дадено на поранешната сопруга, информираат од СВР Тетово.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.