Македонија
4. April 2024 - 20:50

Гостиварец со туѓа лична карта подигнал кредит

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.К.(56) од село во гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, соопшти МВР.

Пријавениот, вработен во фирма за брз трансфер на пари, овозможил на лице од Гостивар со туѓа лична карта да подигне пари испратени преку брз трансфер на пари, претставувајќи се како негов роднина.