Град Скопје финансиски поддржа 237 проекти од областа на културата
Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање манифестации, проекти и творештво на други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата за 2020 година.
– На конкурсот што беше распишан на 18.09.2019 година првпат се аплицираше по електронски пат и пристигнаа 490 комплетни апликации, што е најголем број досега, соопшти Град Скопје.
Пристигнатите апликации беа оценети од шест стручни комисии, составени од претставници на Град Скопје и претставници од културните институции на Градот. Тие водејќи се според критериумите и насоките наведени во објавата на конкурсот, одлучија Град Скопје да поддржи 237 предлог проекти, односно речиси половината од пристигнатите пријави.
Од поддржаните предлог-проекти по 32 им припаѓаат на проектите кои опфаќаат меѓународна соработка и изведбени уметности, 50 се од областа на визуелните уметности и уметност на нови медиуми, 43 проекти од издавачката и библиотечната дејност, 29 од музејската дејност и промоцијата на културното наследство и 51 проекти се поддржани од областа на музичките уметности.
За овој конкурс, градските валсти издвоија 16 милиони денари, а просечниот износ на доделни финансиски средства по проект изнесува 67.500 денари. Проектите што ќе се реализираат на јазици на заедниците, Град Скопје ги поддржа со 25 отсто од вкупно предвидените буџетски средства.
Град Скопје и оваа година повторно стави посебен акцент на поддршката на младински и на студентски проекти.
Ново на Сител
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух
-
Жителите на прилепско Ореовец денеска се собраа на нов протест
-
Полагање матура во холови и спортски сали, наместо во училници
-
Преглед на вестите од светот