Град Скопје и годинава ќе избира најдобар угостителски објект
Град Скопје годинава по единаесетти пат избира „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“. Петстотини и десет тајни купувачи врз основ на повеќе критериуми ќе оценуваат 50 ресторани, 50 гостилници и 70 кафебарови.
Критериумите врз основа на кои ќе бидат оценувани угостителските објекти се прв контакт со гостите, хигиена на објектите, изглед и хигиена на тоалетите, амбиент на објектите, услуга на келнерите, квалитет на храната и завршен контакт со гостите.
- Врз основа на резултатите од истражувањето, ќе се изберат три најдобри ресторани, три најдобри гостилници, како и три најдобри кафе барови кои постигнале највисок вкупен резултат на испитаните елементи на услугата. На најдобрите ќе им биде доделено јавно признание во форма на плакета, информираат од град Скопје.
Овој проект се спроведува единаесет години по ред, а неговата цел е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата што се дава на клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на градот.
Ново на Сител
-
Калас: Естонија нема план „Б“ доколку Украина ја загуби војната
-
Тајани: Одлуката на Шолц за употреба на оружјето на руска територија може да доведе до Трета светска војна
-
Пребројување министерски места
-
Орбан: Мора да спречиме Европа да влезе во војна со Русија
-
"Марш за живот" во Тирана против предлог-законот "Сексуален живот и репродукција"
-
Тепачка меѓу затвореници во Идризово
-
Зеленски: Намерата на Трамп со отстапки да ја заврши војната во Украина може да биде опасна
-
Северна Кореја повторно испрати балони со ѓубре во Јужна Кореја