Македонија
5. January 2025 - 16:34

Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние

Град Скопје тврди дека од 15 институции надлежни за загадувањето, реагрираат само тие. Два дена откако главниот град го превзема епитетот најзагаден град во светот, од градската администрација излегоа со обвинувања кон министерствата за животна средина и за внатрешни работи, но и кон државните и општинските инспекторати.

За време на изминатата недела инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 20 сторители, а секоја недела во просек се изрекуваат помеѓу 20 и 30 санкции.

Град Скопје во минатата година поднесе повеќе кривични пријави за исфрлање и согорување опасен отпад и загрозување на животната средина. За жал и по повеќе од 2 години сеуште нема реакција од обвинителството по поднесената кривична пријава за Усје, каде се измерени три пати повеќе ПМ10 честички кои се испуштаат во атмосферата од дозволените, на метар кубен секој час, што како сериозни прекршувања се спротивни на издадената А интегрирана еколошка лиценца, велат од градот во соопштението во кое се набројани и акции за заасдување дрва, изградба на три мега паркови и зачестено машинско чистење на скопските улици како мерки за да се намали загадувањето.

Дождот и ветерот ја намалија концентрацијата на отровни честички во воздухот, но само на кратко. Од утрово граѓаните повторно душат загаден воздух, покрај во Скопје, мерните станици на министерството за животна средина покажуваат загадување и во Куманово, Кичево, Тетово, Гостивар. 

Три месеци откако Врховниот суд утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина меѓу кои и правото на чист воздух, нема информации дали граѓани ја искористиле можноста да ја тужат државата пред Управниот суд. Иако овој став на Врховен е значаен чекор во унпредување на човековите права, претседателката на Институтот за човекови права вели дека има многу недореченсоти како ова ќе се применува во пракса. Сепак она што не може да се оспори дека главната обврска ја има државата.

Левица денеска е единствената партија која бара итно прогласување на кризна состојба за справување со загадувањето на воздухот, разрешување на министерот Меџити и конкретни акции на терен.