Градинката во општина Петровец во завршна фаза

Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски денеска извршија увид во градежните активности во новата градинка во општината која е во завршна фаза.
- Минатата година во август ја започнавме изградбата на овој објект кој што е во завршна фаз. Пристигната е опремата, а набрзо ќе започне и нејзиното инсталирање. Градинката ќе создадае дополнителен капацитет за 80 деца колку што во моментов изнесува листата на чекање, истакна Спасов.
Заменик министерот најави дополнително проширување на капацитетот на градинката за која, како што рече, веќе е разговарано со градоначалникот, а простор ќе се обезбеди во основното училиште „Кочо Рацин“ во општината.
Спасов потсети дека во завршна фаза се и уште неколку градинки во Скопје и околината, меѓу кои во Илинден, Зелениково, Бутел, Кисела Вода, Карпош...
Градоначалникот Митевски информира дека се очекува градинката да ги прими првите дечиња за околу два месеци со што, како што рече, ќе им се олесни на родителите да ги извршуваат своите работни обврски, знаејќи го фактот за позитивното зголемување на вработувања на жителите од Петровц.
Вкупната вредност на градинката е 15 милиони денари, од кои 10 се од буџетот на Општина Петровец, а останатите пет од Министерството за труд и социјална политика. Градинката има три занимални, кујна и помошни простории.
Ново на Сител
-

Без вода делови од Карпош, Центар и Бутел
-

Судење за „Пулс“: Обвинителство треба да почне со изведување на обдукциските наоди
-

Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
