Македонија
20. September 2020 - 19:44

Градинките може да се затворат, неизвесно е воведувањето дневен престој

Комисијата не одлучила викендов дали ќе има целодневна настава за учениците. Последниот став на членовите на комисијата бил дека не треба да има дневен престој. Доктор Исијановски за утре најави одлука откако повторно ќе се состанат заедно со министерот за здравство. Можно е затворање на градинките доколку нагло  расте бројот на новозаразени вработени и дечиња. 

Ресорната министерка уверува дека за сега ситуацијата е стабилна. Од среда се враќаат на работа хронично болните и родилките чии деца во голем број не се запишани во градинка, но министерката тврди дека има слободни места. Наместо 6 како што беше првично соопштено сега ќе може 12 дечиња до две години да бидат во една занимална. Доколку се јави проблем вели, општините може да ги приспособат домовите за култура за згрижување на  дечиња. 

(Доколу во една градинка се пополнети капацитетите општините треба да ги сместат децата во друга градинка на нивните територии, но има и алтернативни начини во случај да нема место во ниту една градинка, како што се училници, просториите во домовите на културата и др).

 Од 19.000 слободни места, родителите пријавиле околу 14.500 деца. Сепак, анализите покажале дека на терен не се исполнети ни тие 14.500 места бидејќи има родители чии деца се запишани, но не ги носат во градинка. Градинките ќе ги контактираат родителите со цел да се види дали ќе ги носат децата за да не се држи за џабе некое место зафатено.

Откако почнаа со работа во градинките регистрирани се неколку случаи на заболени дечиња од кои дел се од иста група. ВМРО ДПМНЕ обвинија дека Владата не знае како да менаџира со градинки во услови на пандемија. 

Заев и Шахпаска со несоодветната постапка и несоодветните протоколи за работа на градинките го загрозија здравјето на најмладата популација, на децата. Негрижејќи се за децата си поигруваат со родителите.Бројот на заболени деца од ден на ден само расте.