-->
-->
Градоначалникот Дамјановски организираше прием за ученици од Здружението за грижи и воспитување на децата
-->

Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјновски денеска организираше свечен прием за учениците, децата и членовите на Здружението за грижи и воспитување на децата од Куманово и соседните општини, по повод одбележувањето на Детската недела.
Честитајќи им ја детската недела, Дамјановски истакна дека локалната самоуправа го поддржува ова здружение бидејќи тоа се грижи за најважната- најмладата популација во градот.
Тој потсети дека во изминатиот период општината вложила во инфраструктурни проекти, спортски сали, детски игралишта , спортски терени пливачки базен, атлетскиот полигон, со што значително го олеснила процесот на образованието и воннаставните активности
- Остануваме посветени во насока да направиме подобри услови за образовниот процес, со енергетските фасади, со промена на самите прозорци, санитарни чворови. Не успеавме да го постигнеме целиот потенцијал што е потребен, меѓутоа сукцесивно согласно приортитет ите работиме на таа агенда. Се надевам во најскоро време ќе ги затвориме отворените прашања во самите училишта, сепак мора да се потенцира дека во градот има над 30 образовни објекти кои подле жат на постојана интеревенција, изјави Дамјановски.
Тој најави дека и во иднина поголем акцент ќе биде ставен на подобрување на условите за престој на децата, во градинките и дневните центри.
Надлежните од здружението за грижи и воспитување на децата,велат дека оваа година се ангажирани за развивање на потенцијалите на учениците во воннаставните активности на децата.
- Како возрасни треба да ги слушаме децата, да ги увидиме нивните потенцијали и да ги насочиме да ги развиваат во правилна насока.Во Куманово има значителен број успешни деца кои во различни сфери се амбасадори на градот во Македонија и странство. Како здружение даваме препораки до наставниците да организираат активности со кои ќе се одбележи детската недела,која традиционално се прославува првата недела од октовмри, изјави Виолета Стошевска,претседател на Здружението за грижи и воспитување на децата.
Неделата на децата во Куманово ќе се одбележи со ликовни творења,поетски читања, литературни конкурски,спортски турнири.На последниот работен ден од одбележувањето на Детската недела,децата од предучилишните установи и од нижите одделенија на свечени манифестации во училиштата и градинките ќе станат членови на детската организација,бидејќи тогаш,објаснија од Здружението се одбележува Денот на детето во Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%
-

Хуманитарен „Божиќен базар – Гнездо 2025“
-

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат лица од странство
-

Министерството за правда на САД ги објави документи од истражните досиеја на Епштајн
-

Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово
-

Отворање на Новогодишен базар, пристигнување на Дедо Мраз и осветлување на чаршијата во Крушево
-

Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители
-

Умеров пред преговорите со САД: Безбедноста на Украина мора да биде сигурно и долгорочно гарантирана
