Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица Дабиле
Градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов бара одговор зошто е блокирана реконструкцијата на патот Струмица Дабиле кој води кон граничниот премин Ново Село. Вели општината ги завршила сите нејзини обврски за овој проект, но не и Јавното претпријатие за државни патишта и покрај потпишаната спогодба во која јасно биле дефинирани обврските на сите страни.Според Костадинов, проектот кој требало да биде готов пред една година бил блокиран поради неспособност или водење инает со цела Струмица, а штетата ја трпеле граѓаните.
Од Јавното препријатие за државни патишта одговорија дека согласно потпишаната спогодба Општина Струмица треба да обезбеди пристап до сите постоечки објекти кои се долж трасата, но општината има обезбедено само за дел од објектите. За надминување на настанатиот проблем биле одржани и повеќе состаноци, а на кои бил присутен и градоначалникот на Општина Струмица.
,,ЈПДП има и официјални дописи со кои се обраќаме до Општината за надминување на проблемот, а во моментов онаму каде што се завршени експропријациите има доволен фронт за работа. Имено, проблемот со експропријацијата беше заради тоа што голем дел од објектите беа под хипотека на банките и мораше да се добие согласнот и од нив за да се изврши експропријацијата. Имотно правните односи беа решени уште пред десетина дена со што се создадоа услови да се започне со градежни активности. Минатата недела тимот на ЈПДП беше на увид и испрати покана и до општината, но тие не се одзваа на нашата покана. ,, информираа од ЈПДП
Реагираа и од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ и го повикаа Костадинов да престанел со банални изјави и објави на социјални мрежи.
За проекти кои што СДСМ не ги заврши во точно 20 години на локалната самоуправа и 8 години државна власт сега обвинуват друг, стои меѓу другото во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар