Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ синоќа почина од срцев удар
Долгогодишниот загребски градоначалник Милан Бандиќ синоќа почина од срцев удар. 66 годишниот политичар и претходно имал здравствени проблеми, преживеал мозочен удар а имал и вграден стент. Бандиќ во текот на својата градоначалничка кариера бил во притвор како осомничен за финансиски малверзации. И покрај тоа, тој замина како политичар кој цели 20 години беше на челната позиција во Загреб.
Вакцината на Johnson & Johnson против КОВИД-19 е одобрена за употреба во САД. Се работи за вакцина која се дава само во една доза. Клиничките истражувања покажаа дека таа е 85 проценти успешна во превенција на потешки облици на болеста, а 66 поценти заштитува од умерени симптоми на Ковид. Во март се очекува вакцината да биде одобрена во ЕУ. Засега ЕК нарача 200 милиони дози од Џонсон и Џонсон, САД 100, а Ковакс програмата 500 милиони дози.
Унгарскиот премиер Орбан се вакцинираше со кинеската вакцина против Ковид. Унгарија е прва земја во Европската унија што започна со вакцинација со вакцината на Синофарм, а претходно започна и вакцинацијата со руската вакцина Спутник V. Двете вакцини не се одобрени во ЕУ. Унгарија во јануари објави дека постигнала договор за набавка на пет милиони дози вакцини од Синофарм, а првите 550.000 дози пристигнаа во Будимпешта минатата недела.
.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар