Градоначалникот Трајановски ја посети општина Шуто Оризари

Градоначалниците на Град Скопје и на Шуто Оризари Коце Трајановски и Елвис Бајрам и директорите на јавните градски претпријатија денеска одржаа средба со претставници на урбаните и месните заедници од оваа општина.
- Тука сме да ги прашаме жителите дали се задоволни од секојдневната работа на јавните претпријатија и дали ги извршуваат нивните дневни работни задачи. Ќе ги евидентираме сите недостатоци во нашата работа и проблеми кои се појавуваат на терен и ќе работиме да изнајдеме начин тие да се надминат, рече Трајановски.
Градоначалникот Трајановски се осврна на реализираните проекти во оваа општина.
- Изминативе неколку години на територијата на општина Шуто Оризари Град Скопје реализира голем број проекти за подобрување на животот на жителите на оваа општина. Град Скопје преку спогодба за меѓуопштинска соработка издвојува по 3 милиони денари секоја година за санација и реконструкција на улиците кои се во надлежност на општина Шуто Оризари, рече Трајановски.
Во моментов, како што истакна, се работи на реализација на проектот за подобрување на водоснабдувањето на оваа општина, капитален проект во вредност од над 3 милиони евра од кој корист ќе имаат над 30.000 жители.
- Се реализацијата на овој проект, трајно ќе се реши ова прашање и горлив проблем на жителите на Шуто Оризари. Наредната година ќе работиме и на изработка на проект за изградба на атмосферска канализација на главната улица во општината, по што ќе се пристапи и на нејзина изградба, потенцира Трајановски.
Градоначалникот Бајрам истакна дека жителите на Шуто Оризари се задоволни од работата на екипите на јавните претпријатија.
Ново на Сител
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
-

Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
-

Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста
-

Андоновски: Нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани, се олеснува пристапот до услугите на институциите
