Грчката армија ќе помага за изградба на имигрантски центри

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос изјави дека вооружените сили на земјата ќе се вклучат во изградба на центрите за регистрација на имигранти и бегалци, кои пристигнуваат во Грција од соседна Турција.
Каменос тоа го изјави вчера, откако Атина беше соочена со растечки притисок од страна на ЕУ да ги заврши четирите регистрациски центри овој месец, откако еден таков центар почна со работа на островот Лезбос минатата година.
Министерот изјави дека локалните „профитери“ делумно се одговорни за забавувањето и изјави дека повеќе никој нема да бара од мигрантите по пет евра за да им ги наполни мобилните телефони, или четири евра за шише вода. - Тоа заврши, додаде тој.
Полицијата во Северна Грција синоќа објави дека 5.000 бегалци и мигранти се собрале во близина до границата со Македонија, каде што властите продолжуваат да даваат ограничен пристап до граничниот пункт, каде што во ноември беше изградена ограда.
Ново на Сител
-

Предизвикот „24ч Адреналин“ ќе ги поврзе воздухот, земјата и водата во еднодневна авантура низ Македонија
-

Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин
-

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“
-

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
