Грчката Влада со мастер план со конкретни мерки ќе се справува со бегалското/ мигрантско прашање
![]()
Со конкретна политика и конкретни мерки вклучени во мастер план, грчката Влада ќе се справува со бегалското/ мигрантско прашање, како што истакна надлежниот министер, Јоргос Кумуцакос по одржаниот состанок во Министерството за цивилна заштита на Грција.
-Беше потврден повеќедимензионалниот карактер на бегалското/ мигрантско прашање и ќе создадеме централен план „masterplan“ што ќе ги покрива сите прашања со конкретни политики и конкретни мерки, рече алтернативниот министер за цивилна заштита, надлежен за миграциска политика. Состанокот, на кој присуствуваа и министерот задолжен за координација на работата на владата, како и генералните секретари од министерствата за цивилна заштита, за труд, здравство, внатрешни и надворешни работи, одбрана, поморство, земјоделство, образование, беше одржан по насоките на грчкиот премиер на минатонеделниот владин совет за надворешна политика и одбрана за справување со миграциското прашање, jави дописничката на МИА од Атина.
-Ќе се справиме со проблемот. И во неговата надворешна и во внатрешната димензија, со многу работа и со водечки критериум заштита на интересите на локалните заедници, потребата за почитување на човековите права и секако заштитата на драгоценото добро безбедноста, чувството на безбедност на Грците и безбедноста на земјата. Комбинацијата на сето ова е компас во нашата политика, со конкретни мерки, со конкретни одлуки, рече Кумуцакос по завршувањето на состанокот и објасни дека не станува збор за само една средба туку почеток на „континуиран процес за континуирана координација“.
Алтернативниот министер за цивилна заштита надлежен за миграциска политика, упати и критики до претходната влада, велејќи дека во сите надлежни министерства била констатирана „хаотична ситуација наследена од владата на СИРИЗА“, ситуација која „денешната влада ќе ја промени“.
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
