Грција се подготвува за ново невреме
Новото невреме што го доби името „Илиас“ се очекува од денеска до среда да ја зафати Грција, ообено централниот дел на земјата погоден од претходното невреме Даниел“, од кое сè уште не се целосно санирани штетите, јави дописничката на МИА од Атина.
Од бројот 112 за итни случаи, вчера беше испратена предупредувачка порака за опасни временски појави до жителите во поширокиот регион на областите Тесалија, Фтиотида, северниот дел на Евија и Спорадските острови и беше побарано во следните два дена да ги ограничат нивните движења и да ги следат упатствата од властите.
Министерот за климатска криза и цивилна заштита Василис Кикиљас вчера беше во Лариса каде што одржа состанок во пресрет на новото невреме и беше одлучено во областа Тесалија, што беше погодена од претходното невреме, од денеска до среда да бидат затворени јавните служби и училиштата.
Паралелно, како што соопштија од надлежното Министерство, државниот механизам е во зголемена готовност.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
-
ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“
-
30-годишна струмичанка нападната од женско лице по недоразбирање во сообраќајот
-
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица
-
Полска и САД потпишаа договор за поддршка на системот „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари
-
Откриени дилери на марихуана и амфетамин, поведена истрага
-
Полицијата трага по двајца штитеници од Јавната установа за згрижување деца