Грета Тунберг: Пресвртница за општеството, луѓето се подготвени да ги притиснат политичарите
Младата активистка за климата, Швеѓанката Грета Тунберг, која иницираше климатски митинзи низ целиот свет, денеска изрази надеж дека општеството дојде до „пресврт“.
Иако нема официјални бројки за бројот на учесници во протестите низ целиот свет, Грета Тунберг рече дека се радува доколку се бројат со милиони.
– Бројките се неверојатни. Кога ги гледам видеата, едноставно не ми се верува – рече тинејџерката пред да се приклучи на митингот во Њујорк.
Стотици илјадници ученици, студенти и работници денеска излегоа на улиците на градовите низ целиот свет, од Азија до Европа, како дел од глобалниот штрајк со кој ги повикуваат светските лидери кои ќе присуствуваат на самитот за климата на ООН да преземат итни мерки за да спречат климатска катастрофа.
Протестите започнаа на пацифичките острови, кои се најмногу изложени на ризик од зголемувањето на нивото на морето и во Австралија, каде што се одржаа масовни демонстрации низ целата земја, од поголемите градови како Мелбурн и Сиднеј до помалите градови како Алис Спрингс. Потоа протестите се проширија во Јапонија, Југоисточна Азија, Европа, Африка и Блискиот исток.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка