Фудбал
23. October 2020 - 10:02

Гринвуд има проблеми со дисциплината и затоа не игра

 Младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд беше предупреден од клубот од „Олд Трафорд“ за нарушување на клупската дисциплина, објави „Скај“.

Младиот фудбалер, кој одигра забележителна улога минатата сезона, постигнувајќи 18 гола на 57 натпревари во сите натпреварувања, има многу проблеми оваа сезона.

Неодамна беше отстранет од таборот на репрезентацијата на Англија, кога заедно со Фил Фоден ги прекрши протоколите за коронавирус, кога покани девојка во хотелска соба.

Тој неодамна не беше во тимот на Јунајтед на натпреварите со Њукасл и Пари Сен Жермен, а на новинарско прашање дали е вистина дека Гринвуд е казнет за кршење на дисциплината, Оле Гунар Солскјер рече дека информацијата не е точна.

Островските медиуми претходно објавија дека тој и Брендон Вилијамс отсуствувале на мечот против Њукасл поради дисциплински причини.

– Ако тоа е вистина, зошто Брендан е тука со нас (Париз)? Кои се вашите извори? Не е точно, рече Норвежанецот.
 
На прашањето да објасни за каква повреда станува збор за Гринвуд, тој рече дека не е сериозна.

„Тоа е нешто внатрешно … Таквите работи не треба да се објавуваат. Се работи за малаповреда, тој е млад, не сакав да ризикувам ништо, но се надевам дека ќе биде подготвен за викендот, заклучи Солскјер.

Јунајтед ќе го пречека тимот на Челси на дербито со Челси во сабота, на 24 октомври, во 18:30 часот.