Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско - струшки регион

Дебарско-струшкиот регион синоќа три и пол часа остана без напојување со електрична енергија.
Причина е гром кој ја погодил главната трафостаница во Хидроелектраната "Шпиље" кај Дебар.
- Главната трафостаница во ХЕ "Шпиље" погодена беше од гром-електрично празнење, при силно невреме. Екипите веднаш излегоа на терен и со максимално залагање големиот дефект беше саниран. Дебарско-струшкиот регион остана без струја од 19:50 до 23:20 часот, потврдија за МИА од ЦУК.
Во Дебарскиот регион без струја беа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.
Подрачјето кусо беше зафатено од невреме проследено со обилен дожд, електрични празнење и грмежи.
Поради обилниот дожд има појава и на одрони на патните правци од Дебар кон Маврово и кон Струга поради што надлежните препорачуваат внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација.
Ново на Сител
-

СП 2026: Мексико за прв пат во својата историја ги доби сите три натпревари од групната фаза
-

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија, нестабилно време се очекува и денеска во попладневните часови
-

СП 2026: Бразил убедлив против Шкотска
-

Гебреисус: Горештините се закана по јавното здравје и имаат смртоносен потенцијал
-

Зеленски: Во Белорусија деактивирани релејни антени, користени за напади со руски дронови
-

Два големи земјотреси регистрирани во Венецуела
-

ФЗОМ ќе го презентира извештајот за потрошувачката на лекови во периодот 2023–2025
-

На 106. собраниска седница донесени неколку закони во второ читање
