Груевски на средби со граѓани во Сопиште
Изградба на градинка во општина Сопиште, реконструкција на пат и санација на улици, се дел од барањата што денеска пред премиерот Никола Груевски ги претставија жителите во општината. Проблемот со водоводот е решен, а во Сопиште ќе се гради и тениско игралиште.
При посетата на Сопиште на средба со жителите Груевски беше информиран за нивните барања и потреби и ги претстави тековните и идните инфратсруктурни проекти на Владата и општината за подобрување на условите за живот и за развој на општината.
За изградба на градинката општината има изработено проект за кој аплицира за грант преку Министерството за финансии. По одобрување на средствата ќе започне изградбата. Планирано е да бидат инвестирани шест милиони денари.
На барање на граѓаните министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски најави дека ќе започне реконструкција на патот за Сопиште со негово проширување онаму каде дозволуваат условите. Реконструкцијата на патот во должина од 12 километри ќе започне напролет.
Исто така, граѓаните ја истакнаа потребата од санација на локалните улици „23“ и „24“ по што градоначалникот вети дека тие ќе бидат обновени откако ќе бидат одобрени средства за што аплицираат за грант од Светската банка. Очекувањата се дека до крајот на годинава или најдоцна на почетокот од идната во пролетниот период ќе започне нивната изградба. На асфалтирањето ќе му претходи поставување канализациска мрежа што ќе се поврзе со генералната канализација што се гради од страна на Владата, на потегот Сопиште – Сончев град.
На средбата на премиерот Груевски со жителите на Сопиште беше најавено дека за 10 дена ќе започне со изградба ново тениско игралиште со што ќе се излезе во пресрет на уште едно барање.
Граѓаните изразија задоволство од решавањето на проблемот со водоводот. Од скопското Јавно претпријатие посочија дека се заменети 1.100 водомери, но и се извршени дополнителни зафати на водоводната мрежа.
Пред премиерот Груевски беа презентирани досегашните активности од градежните зафати на канализациската мрежа која се гради за потребите на Сопиште и Сончев град, а со која е предвидено одведување на отпадните води низ Кисела Вода и Аеродром. За тоа се инвестирани над 300 милиони денари. Проектот треба да заврши наредната година.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени