Гутереш сака во ОН да се создаде нов оддел за борба против тероризмот

Генералниот секретар на Обединетите нации предложи во Светската организација да се создаде нов оддел за борба против тероризмот, кој ќе биде предводен од негов заменик.
Гутереш ова го изјави вчера на неформално заседание на Генералното собрание на ОН.
- Неофицијално ми го предложија следното: неопходно е да се издвојат целна група за извршување контратерористички активности и седиштето на ОН за борба против тероризмот од Одделот за политички прашања и да се создаде нов оддел за борба против тероризмот. Единствена цел на таа мерка е да биде зголемена ефикасноста, без да се променат постоечките мандати во сферата на контратерористичките дејности, посочи Гутереш.
Новиот оддел ќе поднесува извештај за работата пред Генералното собрание, преку генералниот секретар.
Според Гутереш активностите на тој оддел нема да го нарушуваат националниот суверенитет на некоја држава-членка.
- Целта ни е да го зајакнеме партнерството со земјите-членки на ОН во борбата против транснационалниот проблем за тероризмот, кој треба да биде решен колку што е можно поскоро, нагласи генералниот секретар.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
-

Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
-

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото
-

Вучиќ: Моја оставка, па избори
-

Г. Климент: Наша должност и обврска е заветот на браќата Кирил и Методиј да го посведочиме и предадеме на младите поколенија
