Гутереш: Застрашувачки зголемен бројот на случаи на семејно насилство во светот
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди за „застрашувачко глобално зголемување“ на семејното насилство во кризата со коронавирусот и ги повика владите да направат поголеми напори за да спречат насилство врз жените.
„Знаеме дека изолацијата и карантинот се неопходни за борба против Ковид-19. Но, тие можат да бидат стапица за жени со насилни партнери“, објави Гутереш на Твитер.
„Многу жени и девојчиња се изложени на најголем ризик каде треба да бидат најбезбедни. Во нивните домови“.
Во некои земји, двојно е зголемен бројот на жени кои повикуваат служби за поддршка, здравствените работници и полицијата се преоптоварени и не се доволни, а локалните групи за поддршка се „парализирани“ од недостаток на средства, нагласи шефот на ОН.
Тој ги повика владите ширум светот да обезбедат континуирано гонење на насилниците, да воспостават кризни системи во аптеките и продавниците и да ги прогласат засолништата за основна услуга.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина