Хафтар: Ердоган и Сараџ го искористија примирјето и сега префрлаат платеници во Либија
Турција и Владата на Фајез Сараџ го искористија привременото примирје за префрлање на поголем број сириски платеници, турски војници, терористи и оружје во Триполи, преку море и воздух. Тоа е прекршување на примирјето. Ние имаме право да реагираме на тоа прекршување, изјави командантот на Либиската национална армија генералот Калифа Хафтар.
Тој додава дека Либиската национална армија ја поддржува идејата за поморски патроли на европските држави за да се спречи Турција да префрла оружје за Владата на националното единство во Триполи.
-ЕУ треба да ја контролира испораката на оружје за сириските и турските платеници -терористи кои пристигнаа во Триполи, преку Турција. Го поддржуваме организирањето европски поморски патроли кои ќе ја оневозможат Турција да продолжи да испорачува оружје и платеници во Триполи, изјави Хафтар.
Италија смета дека за почитување на ембаргото за испорака на оружје во Либија ефикасна мерка може да биде патролирање низ либискиот воздушен простор, во рамките на мисијата на ЕУ.
Хафтар вети дека Либиската национална армија ќе ги заштити Либијците од „турските освојувачи“ во случај на неуспех на преговорите во Женева.
-Како што зборувавме, нашето трпение е при крај заради постојаните прекршувања на примирјето на групите изнајмени од Ердоган и Сараџ и заради непочитувањето на обврските кои се преземени на Берлиснката конференција, рече генералот.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка