Loading Video...
Ф1
14. July 2019 - 17:57

Хамилтон е победник на Британското Гранд-при

На задоволство на домашната публика присутна крај патеката  Силверстон, Британецот, Луис Хамилтон е победник на Големата награда на Велика Британија, односно,  10-та  трка во Формула 1 шампионатот.
 
Хамилтон стигна до својата седма победа сезонава, а рекордна шеста на Силверстон, оставајќи го зад себе тимскиот колега Валтери Ботас. 
 
Место на пиедесталот избори и „пилотот„ на Ферари, Леклерк.
 
Во Генералниот поредок Хамилтон сега ја зголеми предност во однос на Ботас на 39 бодови. 
 
Следната трека ќе се вози за две недели (28 јули) на патеката Хокенхајм за Големата награда на Германија.