-->
-->
Хамилтон: Фетел не сака да возиме во ист клуб
-->

Пилотот на Мерцедес Луис Хамилтон изјави дека ривалот од Ферари, Себастијан Фетел не сака да вози со него во ист тим во шампионатот во Ф-1.
Договорот на Фетел со Ферари истекува на крајот од сезоната но сеуште не е продолжен а Мерцедес потврди дека Валтери Ботас и следната сезона ќе вози за екипата. „Мислам дека е малку веројатно дека Себастијан би се вратил во Мерцедес,мислам дека не сака да бидеме клупски колеги“, изјави Хамилтон за Скај Спорт. Британецот неколку пати изјави дека не сака повластен статус во екипаа над клупскиот колега и нагласи дека има ист третман како и Ботас.
Ферари потврди дека Кими Раиконен следната сезона ќе вози за екипата додека сеуште нема потврда и за Фетел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
-

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани
-

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
-

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари
-

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Собранието демантира дека плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените
-

Николоски: Продолжува поддршката за Општина Струга, заеднички работиме на големи инфраструктурни проекти
