Loading Video...
Ф1
29. August 2020 - 16:50

Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на белгиското Гранд-при

Британецот Лус Хамилтон ќе ја им а пол-позицијата на утрешната трка во Формула 1 шампионатот што ќе се вози за Големата награда на Белгија. 
 
Светскиот шампион денеска оствари најбрзо време во квалификациите на патеката „Спа Франкошамп“ па пети  пат сезонава се избори за најдоброто стартно место. 
 
Веднаш зад него ќе биде неговиот тимски колега од Мерцедес, Валтери Ботас. 
 
Во вториот и третиот стартен ред трката ќе ја започнат болидите на Ред Бул и Рено и тоа наизменично, Верстапен, Рикардо, Албон и Окон. 
 
Стартот на утрешната инаку седма трка во календарот на Ф1, е во 15 часот и 10 минути.