Loading Video...
Ф1
2. August 2020 - 17:22

Хамилтон на три гуми стигна до победник на британското Гранд-при

Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон ја оствари и третата победа во новата сезона на Формула 1 првенството. 

На супер возбудливата трка  за Големата награда на велика Британија вознана на Силверстон, Хамилтон речиси целиот последен круг го извозе со три тркала, откако предната лева гума се распадна. 

Сепак предноста која ја создаде во текот на трката за Британецот беше доволна прв да ја мине целната рамнина оставајќи ги зад себе Макс Вестапен на Ред Бул и Чарлс Леклерк на Ферари, откако истиот пех со гума го плати Валтери Ботас кој од второто падна на 11-тото место и остана без бодови.  

Така сега во генералниот поредок  Хамилтон има 30 бодови повеќе од Ботас,  а 36 од Верстапен кој е трет. 

И следната трка со која ќе се одбележи 70-годинината ќе се вози на истата патека веќе следниот викенд