Loading Video...
Ф1
9. October 2021 - 15:46

Хaмилтон најбрз во квалификациите, но Ботас ќе стартува од пол-позиција на трка за ГН на Турција

Во формула 1 шампионатот утре на програмата е 16-тата трка, и тоа турското Гранд-при. 
 
Во денешните квалификации за возени на патеката во Истанбул, најбрзо време оствари актуелниот светски првак Луис Хамилтон на Мерцедес, но поради адаптација на моторот, Битанецот трката ќе ја започне дури од десетото стартно место. 
 
Неговиот тимски колега Валтери Ботас кој имаше втор резултат во квалификациите ќе ја има пол-позицијата, а заднего во првиот ред ќе биде Макс Верстапен од Ред Бул
 
Од вториот стартен ред утрешната 16-та трка во сезоната ќе ја започнат Леклер и Гасли, од тимовите на Ферари и Алфа Таур. 
 
Потсетување дека во Генерален пласман лидер е Луси Хамилтон (Мерцедес) со 246,5 бодови само два (2) повеќе од Макс Верстапен (Ред Бул)