Loading Video...
Ф1
9. May 2021 - 19:04

Хамилтон победник на шпанското Гранд-при

Луис Хамилтон е победник на 4-тата трка во Формула 1 шампионатот возена денеска за  Големата награда на Шпанија. 
 
Луис Хамилтон до својот петти последователен триумф на патеката Каталуња крај Барселона стигна пред главниот конкурент за титулата Макс Верстапен од Ред Бул. 
 
Со овој триумф Хамилтон се израмни со легендарниот Михаел Шумахер кој шест пати го освојуваше шпанското Гранд-при. 
 
Место на педесталот избори и вториот возач на Мекларен, Валтери Ботас кој заврши како трет. 
 
Хамилтон е лидер во генералниот пласман во 94 бодови, 14 повеќе од Верстапен, а далеку зад нив следуваат Ботас, (47) Норис (41), Леклер (40) и така натаму.
 
Следната (пета) трка во Ф1 првенството е закажана за 23 мај, а ќе се вози за Големата награда на Монако, низ улиците на Монте Карло.