Loading Video...
Ф1
2. August 2019 - 16:47

Хамилтон со најдобро време на тренингот на Хунгаро-ринг

 
 
 
В недела на програмата е 12-тата трка во Формула 1 шампионатот унгарското Гранд-при. 
 
Актуелниот шампион и лидер во Генералниот поредок Луси Хамилтон оствари најбрзо време на денешните тренинзи. 
 
На првиот тренинг, Британецот извезе време од 1:17.233.минути што беше за 165.илјадити делови од секундата побрзо време од Макс Верстапен на Ред Бул, додека трет резултат оствари Себастијан Фетел на Ферари. 
 
На втората тренинг сесија возачите на Реад Бул (Гасли и Фетел) имаа подобри остварувања од Хамилто, но беа повеќе од половина секунда побавни од времето на шампионот поставено на првиот тренинг. 
 
Трката за Големата награда на Унгарија на програмата е в недела, а утре се квалификациите за стартните позиции. 
 
Во пресрет на оваа трка водечкиот во поредокот Хамилтон има 225 бодови, или 41 повеќе од тимскиот колега Валтери Ботас (184). Трет е Верстапен со 162, а по него следуваат двајцата возачи на Ферари, Себастијан Фетел (141) и Чарлс Леклерк (120).