Хантер Мекгрејди го продолжува походот кон уривање на стереотипите
Хантер Мекгрејди, една од тн. „полнички“ манекенки, но и како модна дизајнерка, го продолжува походот кон уривање на стереотипите дека супермоделите мора да бидат слаби.
Позната како „моделот со најизразените облини“, таа неодамна, четврти пат годинава, се најде меѓу страниците на списанието „Спортс илустрејтед“, и тоа сега во костим за капење. Дизајнот е нејзин, а линијата е насловена „All Worthу” („За сите пари“).
– Сè уште не ми се верува дека сум во ова списание, и тоа сега веќе четири години по ред. И, секоја година, сè тоа е сè поразновидно и поотворено, и јас сум така горда што сум дел од брендот што го сфаќа ова… Мојата страст лежи во многу различни тезги и мислам дека тоа е она што беше така моќно во сè ова. Тие навистина ми ги отворија вратите и ми помогнаа да се прославам, изјави супермоделката.
Таа им препорачува на своите обожаватели и обожавателки да се сакаат себеси онакви какви што се и да го зграпчуваат секој ден со целосна самоувереност, енергија и грациозност. си/паг/
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите