Харадинај: И покрај дилемите на НАТО, војската на Косово ќе биде одобрена идната недела

Претседателот на косовската Влада Рамуш Харадинај вели дека трансформацијата на Безбедносните сили на Косово (ФСК), односно созадавњето на војската на Косово и нејзиното одобрување од Собранието идната недела, е внатрешно прашање и е во согласност со Уставот на државата, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешната седница на Собранието на Косово, посветена на пратенички прашања, од Харадинај беше побаран коментар на вчерашната изјава на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека „намерата на Косово да ги трансформира своите безбедносни сили во војска доаѓа во погрешно време и е против препораките на голем број членки на НАТО“, како и дека „тоа може да има сериозни последици по евроатлантските интеграции на Приштина“.
– За формирањето на војската на Косово ние имаме водено интензивни разговори со сите заинтересирани страни. НАТО е оптоварено со многу прашања и нормално е дека може да има дилеми. Меѓутоа, Косово е сигуно дека нема да предизвика никаква опасност со трансформацијата на ФСК и нема интерес да ги расипе односите со НАТО, изјави Харадинај.
На прашањето на опозицски пратеник дали Владата разговарала со земјите членки на НАТО за одлуката за трансформација на ФСК во војска, премиерот одговори дека не се консултирани сите членки, но дека имало интензивни средби и разговори со „државите кои имаат целосна моќ на одлучување во Алијансата и кои се сојузници на Косово“ и дека од нив се добиени „позитивни сигнали“.
– Имајте предвид дека односите со нив не се загрозуваат. Напротив, Косово, од држава која е консуматор на безбедноста, ќе стане и производител на безбедноста и ќе го дава својот придонес во Алијансата, рече Харадинај.
Ново на Сител
-

Приведени 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без положен возачки испит
-

Артилериска граната пронајдена кај битолското село Меџитлија
-

Трамп: САД и Иран постигнаа договор вчера, Техеран го прекрши со нов напад
-

Сиљановска Давкова: Галичка свадба привлекува сѐ повеќе посетители од земјата и од странство, останувајќи еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет
-

СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
